• недела, 22 декември 2024

Демант од ЈСП „Скопје“

Демант од ЈСП „Скопје“

Скопје, 22 август 2024

Почитувани,

Јавно сообраќајно претпријатие Скопје најостро го демантира како лажна вест текстот на порталот насловен skopje1mk.

Не проверена е содржината изнесена во текстот, во која подвлекувате дека „Утрово пред Бит пазар, се запали уште еден автобус“.

Тенденциозна е намерата дека постојано имаме случаи на запалени автобуси по скопските улици, земајќи го предвид фактот дека просечната старост на автобусите е 13 години и оттука произлегува потребата за набавка на нови автобуси во возниот парк на ЈСП. Имено, станува збор
за пареа, а не како наведеното дека се работи за пожар. Во истиот момент кога се случил дефектот (скинато црево за антифриз), возачот реагирал исправно по што бил спремен и го извадил ПП апаратот, но не го употребил.

Бараме демантот да биде објавен во целост, а текстот за којшто се однесува, да биде повлечен.

 

Со почит,

ЈСП Скопје

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото: МИА архива

 

Остани поврзан