• четврток, 19 декември 2024

Демант од ЈП Нациопнални шуми п.о. Скопје во врска со информации за давање привилегии на одредени фирми

Демант од ЈП Нациопнални шуми п.о. Скопје во врска со информации за давање привилегии на одредени фирми
Скопје, 19 октомври 2022  ДЕМАНТ на веста "Фирма за пелети блиска до Николовски купува дрва од Македонски  шуми 10 пати поевтино од народот и книжи милиони, ЈО да отвори истрага", објавена на порталот Курир.мк на 18 октомври 2022 год. Јавното претпријатие Национални шуми ја ДЕМАНТИРА ВЕСТА  и најостро ги отфрла обвинувањата за наводната слаба реализација на јавното претпријатие, кое оваа година не обезбеди ниту 20% од потребната дрвна маса, со цел да ги насочи купувачите кај одредени приватни складови, дека цената на дрвната маса е неверојнато зголемена, што резултира  со поскапување на цената и на пелетите, како што  истакна Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ . За Национални шуми клеветите изнесени на прес конференцијата на Цветан Трипуновски се класично непознавање на работите и смислено изнесување на невистини и лаги за што  зборува и  фактот дека: - По минатогодишните големи шумски пожари кои најмногу го погодија  Малешевско- Пијанечкиот регион, Јавното претпријатие Национални шуми, со цел  најтранспарентно да отпочне склучување на купопродажни доrовори за опожарена дрвна маса со заинтересирани правни субјекти на почетокот на месец февруари 2022 година на официјалната веб страна на јавното  претпријатие објави Повик за интерес, на кој се пријавија заинтересирани правни лица од областа на дрвопреработувачката индустрија, како и производителите на пелети, брикети и сл. Во Повикот за интерес беа дефинирани условите кои треба да ги исполнува правното лице, меѓу кои и тоа да поседува Лиценца за сеча и дотур или Договор со лиценциран правен субјект за извршување на сеча и дотур на купената дрвна маса. Согласно Повикот за интерес, Барања за купување на опожарена дрвна маса доставија 34 правни субјекти заинтересирани за купување на опожарена дрвна маса со вкупна количина од околу 300.000 м3 (за двегодишни потреби). На почетокот на април месец се склучија првите договори со шест правни субјекти за купопродажба на опожарена дрвна маса во Подружница Голак Делчево и Подружница Равна Река Пехчево во количина од околу 100.000м3. Подоцна во текот на месец  мај, се склучија и договори со помалите локални правни субјекти од Пехчево, Берово и Делчево эа санирање на вкупна опожарена дрвна маса од околу 50.000 м3.- Подружницата од Пехчево има склучено договори со  15 различни фирми, подружницата од Берово со  5 фирми , подружницата од Делчево има склучено договори со  12 фирми, подружницата од Кочани со 2 фирми. - Сите правни лица што пројавиле интерес добиле количина од опожарената дрвна маса.- Сите заинтересирани  фирми платиле 20% гаранција и 10% од договорената цена.- Цената на опожарената дрвна маса за сите фирми е иста, нема разлика во цените.- Најчесто во горенаведените подружници се работи за опожарена дрва маса од бор, која не се користи за  огрев.- Според Законот за шуми,  опожарената површина треба да се исчисти за две години, така да секој заинтересиран може се јави по објавениот Јавен повик  и да добие опожарена дрвна маса.- Најголемите производители на пелети во државата добиле количина на дрвна маса за работа, ама и сите локални фирми кои тоа го побарале. За да работите станат појасни, опожарената површина треба прво да се исчисти, за да после одредено  време на таа површина може да се врши пошумување според Годишната програма за работа. Со ова се стекнува  заклучок дека господинот Трипуноски не сака да се врши пошумување, подмладување  и обнова на шумите во Македонија. Што се однесува на делот каде господинот Трипуновски посочува дека цената на огревното дрво се продава по 5.000 ден за метар кубен, должни сме да објавиме дека тука не се работи за цени на огревно дрво од ЈП Национални шуми, туку од приватните складови, коишто сами ја формираат цената на огревното дрво бидејќи не подлежат на Регулаторна комисија.ЈП Национални шуми п.о. - Скопје ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан