Дел од Центар утре без вода
- Според најавата, водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот до завршување на работните активности.
Скопје, 24 февруари 2025 (МИА) - Дел од општина Центар во текот на утрешниот ден ќе остане без вода за пиење, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Поради менување водоводен вентил, предвидено е без вода да бидат корисниците од Градско Собрание, Маракана и клубот Работнички.
Според најавата, водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот до завршување на работните активности. бд/дма/
Фото: МИА архива