Дел од Припор без вода
- Без вода денеска од 9:45 часот се дел од жителите од населбата Припор, општина Кисела Вода.

Скопје, 21 март 2024 (МИА) - Без вода денеска од 9:45 часот се дел од жителите од населбата Припор, општина Кисела Вода.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект ф-200 милиметри на улица „Христо Татарчев“ без број, на последната автобуска станица на број 24.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. мд/лв/
Фото: МИА архива