• петок, 05 декември 2025

Дел од патот Градско - Прилеп целосно затворен за сообраќај од 3 август

Дел од патот Градско - Прилеп целосно затворен за сообраќај од 3 август

Скопје, 30 јули 2025 (МИА) - Дел од патот Градско - Прилеп целосно ќе биде затворен за сообраќај од 3 август, информираат денеска од Јавното претпријатие „Македонијапат“.

- Поради изведување градежни активности на Вијадукт на Сарачки дол кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско - Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат - од раскрсница кај бензинска станица „Лукоил“ до клучка кај бензинска станица „Салида“, ќе биде целосно затворен за сообраќај од 3 август, недела, од седум часот до 6 август, среда, се наведува во соопштението.

Како што се појаснува, сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп. бд/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан