Дел од општина Гази Баба и село Ракотинци без вода
- Без вода денеска од 10:15 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“.
Скопје, 19 јули 2025 (МИА) - Без вода денеска од 10:15 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна водоводна цевка на улица „Гемиџиска“, кај ролетар „Војо“.
Поради дефект на водоводна цевка на улица „1“ број 53 во скопското село Ракотинци, без вода од 11:15 часот ќе бидат корисниците од улицата „1“ во Ракотинци.
Водоснабдувањето на двете локации ќе биде прекинато до завршување на работните активности. мд/нд/
Фото: МИА архива