• четврток, 26 март 2026

Дел од населбата Ченто денеска без вода

Дел од населбата Ченто денеска без вода

Скопје, 31 декември 2025 (МИА) - Поради дефект на приклучна цевка на улицата „Спиро Црне 22“, денеска од 11:55 часот без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците „Спиро Црне“, „Сава Михајлов“, „Надбискуп Чекада“, „Катлановска“, „Неготинска“ и „Беровска“ во скопската населба Ченто.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со санацијата на дефектот.вј/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан