• четврток, 02 мај 2024

Делчевската библиотека избра читател на годината по повод Светскиот ден на Ромите

Делчевската библиотека избра читател на годината по повод Светскиот ден на Ромите

Делчево, 5 април 2024 (МИА) - Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево, по повод 8 Април, Меѓународен ден на Ромите, избра и награди најчитател ром. Од страна на библиотеката, како што информираше директорката Билјана Петровска беше наградена со скромни подароци.

-Годинава за најчитател Ром ја прогласивме Хулејда Мемедова, ученичка во VIII-2 одделение при ООУ „Ванчо Прке“. Хулејда како подарок доби книга, граматика на ромски јазик и бесплатен членски број. Се надеваме дека ќе продолжи да биде наш редовен читател, рече Петровска.

Мемедова се заблагодари за вниманието од страна на библиотеката, потенцирајки дека ова за неа значи мотив повеќе да ја посетува библиотеката и да чита книги.

ЈЛБ „Илинден“, како што додадоа од библиотеката, во моментот има недостиг од наслови на ромски јазик. 

-Моментално располагаме со речник и граматика на ромски јазик, и роднокрајното одделение на библиотеката со гордост кажува дека има и збирка поезија од наш роднокраен автор, Сабри Демиров од Тработивиште, додадоа од ЈЛБ ,,Илинден".

По повод Меѓународниот ден на Ромите, планирани се и други активности во соработка со здружението Тернипе МК. вс/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан