• недела, 22 декември 2024

Делчевката Мира Симоновски на 74 години го искачи 5895 метри високиот врв Ухуру на Килимаџаро

Делчевката Мира Симоновски на 74 години го искачи 5895 метри високиот врв Ухуру на Килимаџаро

Делчево, 3 март 2024 (МИА) - Делчевката Мира Симоновски на 74 години го искачи врвот Ухуру кој се наоѓа на Килиманџаро, највисокиот планински масив во Африка. 

Симоновски е дел од експедицијата на Клубот за планински спортови АЗОТ кој деновиве организираше високогорска акција по Килиманџаро.

-Мира Симоновски, 74 годишен планинар од Делчево се искачи на покривот на Африка, освојувајки го врвот Ухуру на 5895 метри надморска височина. Секоја чест за Симоновски, се вели во честитката од КПС АЗОТ. 

Ова е втор врв кој Мира Симоновски го има искачено по навлегувањето од осмата деценија од својот живот. Претходно во 2020 година, со наполнети 70 години ја достигна висината од 5137 метри на врвот Арарат. вс/лв/


Фото: КПС АЗОТ

 

Остани поврзан