Делови од Батинци и Стајковци без вода
- Без вода денеска од 10:30 часот се корисниците од скопските села Батинци и Стајковци.
![Делови од Батинци и Стајковци без вода](https://mia.mk/images/20230704104516_big_730x400_58.webp )
Скопје, 4 јули 2023 (МИА) - Без вода денеска од 10:30 часот се корисниците од скопските села Батинци и Стајковци.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот во Батинци е поради дефект ф-90 милиметри на улица „1“ во Батинци, на патот за Марков манастир.
Прекинот во водоснабдувањето во Стајковци е поради уличен дефект ф-250 милиметри на улица „Алија Авдовиќ“ без број.
Водоснабдувањето на двете локации ќе биде прекинато до санирање на дефектите. мд/са/
Фото: МИА архива