• недела, 22 декември 2024

Делегација предводена од директорот на БЈБ учествува на Заедничкиот форум за стратешка соработка во седиштето на Европол во Хаг

Делегација предводена од директорот на БЈБ  учествува на Заедничкиот форум за стратешка соработка во седиштето на Европол во Хаг

Скопје, 31 јануари 2024 (МИА) - Делегација предводена од директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ)  Сашо Тасевски вчера и денеска во седиштето на Европол во Хаг  учествуваше на Заедничкиот форум за стратешка соработка кој се организира во рамките на  проектите „Зајакнување на стратешката и оперативната соработка во земјите од Источното партнерство за борба против организираниот криминал (TOPCOP)“ и „Партнерство против криминалот и тероризмот (CEPOL WB PaCT)“ што се имплементираат преку ЦЕПОЛ-Агенцијата на Европската Унија.

Како што соопшти МВР,  целта на форумот е да го обедини управувањето со институциите за спроведување на законот кои ги покриваат оперативните и обучувачките единици од регионите на Источна Азија и Западен Балкан.

-Настанот  понуди можност за  дијалог, споделување добри практики и зајакнување колективни напори против сериозниот и организиран криминал. Дизајниран е да се разгледаат предизвиците што ги носи организираниот криминал во неговите сложени и повеќеслојни карактеристики и да ја олесни координацијата на стратешкиот одговор преку поттикнување средина на соработка и размена на знаење, соопшти МВР. 

Директорот на БЈБ Тасевски имаше излагање на првиот ден на пленарната сесија на форумот на тема од областа на борбата против криумчарењето на мигранти, при што ја истакна посветеноста и успешноста на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во напорите за сузбивање на овој феномен.

-Во своето обраќање тој истакна дека нашата држава вложува сериозни напори и посветеност во насока на успешна имплементација на постоечките реформи во областа на борбата против криумчарењето  мигранти, при што голем дел од националните закони се стандардизирани и хармонизирани со највисоките стандарди и документи од оваа област. Во борбата против криумчарењето мигранти, МВР заедно со останатите институции во Република Северна Македонија, работи максимално посветено во воспоставувањето ефикасен, координиран, синхронизиран и мултисекторски приод со цел спротивставување и на овој тип криминал, согледувајќи ги огромните негативни импликации од него, како по поединецот, така и по околината, наведува Министерството во соопштението. 

На вториот ден на овој форум, Тасевски се осврна на реализираните проектни активности во рамките на регионалниот проект „Партнерство против криминалот и тероризмот (CEPOL WB PaCT)“,  финансиран со средства од Европската Унија, кој се имплементира во рамките на Министерството за внатрешни работи.

-Се заблагодари до проектниот тим и ЦЕПОЛ-Агенцијата на Европската Унија за успешно реализираните активности, при што ја потенцираше конципираноста на  овој проект со голем број  активности, како на внатрешно ниво, така и на регионално ниво, што дадоа свој голем придонес во делот на добивање знаења и искуства од голем спектар на теми поврзани со работата на Министерството за внатрешни работи, при што ги опфатија сите сегменти на криминалот и борбата против овој феномен, наведува МВР. 

Во рамките на жЗаедничкиот форум за стратешка соработка, делегацијата предводена од директорот на Бирото за јавна безбедност оствари и повеќе билатерални средби со претставници од меѓународните организации и делегации од земјите учесници во проектните активности. хс/са/

Фото: Министерство за внатрешни работи 

 

Остани поврзан