Делегација од Берово во официјална посета на Кумровец
- -Берово и Кумровец имаат значителен потенцијал за проширување на партнерствата во повеќе области, меѓу кои културата, образованието, туризмот и локалниот развој. Продолжуваме да работиме заедно во насока на конкретни и одржливи резултати, нагласи Ружински.
Кумровец, 23 ноември 2025 (МИА) - Делегација од Општина Берово, предводена од градоначалникот Петар Ружински, престојува во официјална посета на Општина Кумровец, Република Хрватска, каде присуствуваше на свечената седница по повод локалниот празник.
Во своето обраќање, градоначалникот Ружински истакна дека соработката меѓу двете општини претставува значаен мост за унапредување на пријателските односи, размена на добри практики и развивање на заеднички иницијативи од интерес на граѓаните.
-Берово и Кумровец имаат значителен потенцијал за проширување на партнерствата во повеќе области, меѓу кои културата, образованието, туризмот и локалниот развој. Продолжуваме да работиме заедно во насока на конкретни и одржливи резултати, нагласи Ружински.
За време на престојот се спроведуваат работни состаноци и активности насочени кон продлабочување на институционалната соработка, како и планирање на идни заеднички проекти кои треба да придонесат за подобрување на локалниот развој во двете општини. вс/нд/
Фото: МИА