• вторник, 25 јуни 2024

Делегација на СПЦ предводена од српскиот патријарх г. г. Порфириј во посета на МПЦ-ОА на 23 и 24 мај

Делегација на СПЦ предводена од српскиот патријарх г. г. Порфириј во посета на МПЦ-ОА на 23 и 24 мај
Скопје, 20 мај 2022 Со радост му соопштуваме на верниот народ дека на 23 и 24 мај 2022 година, во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација на Српската Православна Црква предводена од Неговата Светост, На 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Неговата Светост Српскиот Патријарх г. г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински Цркви, ќе служат Божествена Литургија. Го повикуваме верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија да земе молитвено учество. Од Канцеларијата на САС на МПЦ – ОА ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан