Делегација на СДСМ положи цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски во Скопје
- СДСМ оддаде почит кон една од најзначајните личности на македонската и словенска писменост Свети Климент Охридски.
Скопје, 8 декември 2023
СДСМ оддаде почит кон една од најзначајните личности на македонската и словенска писменост Свети Климент Охридски.
Партиска делегација предводена од заменик претседателката Сања Лукаревска, заедно со потпретседателот Стефан Богоев и потпретседателот на СДММ, Петар Петковски положија цвеќе и оддадоа почит на ликот и делото на Свети Климент Охридски.
СДСМ на своевиден начин го продолжува безвременското просветителско, обединувачко и духовно дело на Свети Климент Охридски, со активната заштита, промоција и афирмација на македонскиот јазик, литература и култура во Европа и светот.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.