Делегација на АфД ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп
- Копретседавачот на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), Тино Чрупала, рече дека неговото патување во Вашингтон за инаугурацијата на Доналд Трамп е можност за воспоставување политички и економски контакти со новото американско раководство.

Берлин, 20 јануари 2025 (МИА) - Копретседавачот на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), Тино Чрупала, рече дека неговото патување во Вашингтон за инаугурацијата на Доналд Трамп е можност за воспоставување политички и економски контакти со новото американско раководство.
-Да му се оддаде почит на Трамп, кој ќе положи заклетва како претседател попладне во Вашингтон, е вистинската работа, изјави Чрупала, пренесе ДПА.
Тој рече дека ќе разговара со голем број американски републикански политичари, како и со германски деловни претставници во Вашингтон.
Изборот на Трамп во 2016 година и неговиот кам-бек во 2024 година се гледаа од европските екстремно десничарски политички групи како важен поттик.
Но, АфД сепак има спротивставени позиции на Трамп и неговите советници за клучните прашања од американската политика.
Според Чрупала, тој бил поканет во Вашингтон од републиканските лидери. На патувањето му се придружија и неколку други високи политичари на АфД, вклучувајќи ги Беатрикс фон Сторч и Петр Бистрон.
Но, главниот кандидат на АфД за претстојните германски избори, Алиса Вајдел, ја прескокна поканата, наведувајќи го густиот распоред на кампањата.
На инаугурацијата ќе присуствува и заменик-претседателката на парламентарната група на АфД, Беатрикс фон Шторх. мс/
фото: МИА архива