• понеделник, 23 декември 2024

Дела од Крстевски и Блажевски на меѓународна изложба во Полска

Дела од Крстевски и Блажевски на меѓународна изложба во Полска

Прилеп, 28 декември 2023 (МИА) - Македонските уметници и стрип мајстори Златко Крстевски и Тоде Блажевски со свои дела се застапени на 25-тата јубилејна Меѓународна изложба на сатиричен цртеж во Зиелона Гора во Полска.

Од селектираните 198 оригинални сатирични дела се избрани 62 цртежи, презентирани на годишната изложба во галеријата при библиотеката „Кипријана Норвида“. Од нашата држава се застапени двајцата автори, Крстевски и Блажевски. Делата се публикувани во годинашниот јубилеен албум на современ сатиричен цртеж.

Меѓународната изложба на сатиричен цртеж е во соработка со Музејот за карикатура Ерик Липински од Варшава и Асоцијацијата на уметници. Патрони на изложбата се гувернерот на Лубушкиот регион, Владислав Дајчак и градоначалникот на Зиелена Гора, Јануш Кубицки.

По изложбата, делата ќе бидат дел од колекцијата на Музејот. ем/мд/

фото извор: Златко Крстески

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан