• петок, 03 април 2026

Дела на четворица бугарски уметници ќе бидат претставени вечерва во рамки на изложбата „Колективна културна меморија: Пост меморија“ во Скопје

Дела на четворица бугарски уметници ќе бидат претставени вечерва во рамки на изложбата „Колективна културна меморија: Пост меморија“ во Скопје

Софија, 12 ноември 2025 (МИА/БТА) - Дела на четворица бугарски уметници – Лачезар Бојаџиев, Красимир Терзиев, Калина Димитрова и Софија Димова – ќе бидат претставени на изложбата која вечерва ќе биде отворена во Националната галерија – Мултимедијален центар Мала станица во Скопје.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Биеналето е насловено „Колективна културна меморија: Пост меморија“. Делата на над 20 творци од Австрија, Бугарија, Грција, Полска, Кипар, Србија, Косово, Холандија, Словенија, САД и Северна Македонија – слики, видео, фотографии и инсталации, се создадени во рамките на изданијата на меѓународната арт колонија „Галичник“ во текот на 2024 и 2025 година, која се одржува во Северна Македонија.

Колонијата „Галичник“ има речиси четири децениска традиција и претставува уникатен модел кој ја поврзува современата уметност со традицијата, а преку темите „Колективна културна меморија“ и „Пост меморија – Ехо на тишината“, уметници од различни земји истражуваат како личните и колективните сеќавања, трауми и неискажани приказни продолжуваат да живеат преку уметничките практики.

Изложбата е организирана во соработка со Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје. ссм/

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Остани поврзан