• петок, 13 септември 2024

Деко: Веќе работам на подобрувања за следната сезона

Деко: Веќе работам на подобрувања за следната сезона

Барселона, 13 септември 2024 (МИА) - Спортскиот директор на Барселона, Деко изјави дека веќе работи за „подобрувања“ за идната сезона за каталонскиот клуб. 

-Веќе работам на следната сезона. Наскоро ќе треба да направиме важни подобрувања, ги цитира новинарот Фабрицио Романо зборовите на Деко.

Поранешниот играч на „блаугранас“ претходно објасни зошто Барселона не го ангажирала Нико Вилијамс.

- Ни требаше квалитетно крило, но чувствувавме дека ги имаме Рафиња, Феран Торес, Ансу Фати се врати и одлично се претстави на тренинзите пред повредата, како и Ламин. Имаме и играчи кои можат да играат на крилните позиции како Фермин Лопез и Дани Олмо. Бевме јасни дека за да добиеме нов играч мора да биде на многу високо ниво. На крајот, почувствувавме дека доведувањето на Дени Олмо ќе ни даде повеќе опции. Имавме приоритети и на крајот решивме да не купуваме уште еден крилен напаѓач, објасни Деко.

По 4 кола, Барселона го зазема првото место во поредокот во Ла Лига со 12 бода. Каталонците имаат 4 бода пред Реал Мадрид на второто место. дс

Фото: Архива

Остани поврзан