Дегустација на вина во Вински музеј Кавадарци
- Дегустација на вина од македонски семејни винарии, се реализира денеска во Винскиот музеј во Кавадарци, во рамките на традиционалната стопанско туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“.

Кавадарци, 8 септември 2024 (МИА) - Дегустација на вина од македонски семејни винарии, се реализира денеска во Винскиот музеј во Кавадарци, во рамките на традиционалната стопанско туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“.
- Станува збор за специјализиран вински музеј, за промоција на винскиот туризам преку музејски предмети, фотографии и колекција на вина за дегустација и продажба во нашите две винотеки во градот, потсети в.д. директорката Анета Атанасова, нагласувајќи дека континуирано расте интересот за посета на овој музеј, како кај домашните, така и кај странските туристи.
Манифестацијата во чест на грозјето и виното трае три дена, а во програмата се бројни настани за сите генерации. свд/аа/
Фото: МИА