Девет тајландски војници убиени во обновените судири со Камбоџа
- Девет тајландски војници беа убиени во обновените гранични судири со Камбоџа од неделата, соопшти денеска Министерството за одбрана во Бангкок.
Бангкок, 11 декември 2025 (МИА) - Девет тајландски војници беа убиени во обновените гранични судири со Камбоџа од неделата, соопшти денеска Министерството за одбрана во Бангкок.
- Вкупно девет (наши) војници се убиени досега, изјави портпаролот на министерството Сурасант Конгсири.
Последниот број на жртви објавен од тајландска страна беше пет, но вкупниот број на жртви сега изнесува 19.
Камбоџанските власти соопштија дека меѓу 10-те убиени цивили имало и дете.
Претседателот Доналд Трамп, чие посредништво доведе до потпишување на договор за прекин на огнот меѓу Тајланд и Камбоџа во Малезија во октомври, вчера им изјави на новинарите во Белата куќа дека денеска ќе разговара со лидерите на двете земји.
Во меѓувреме, Камбоџа го повика Советот за безбедност на ОН да интервенира во новиот граничен конфликт.
Во писмо до претседателството на советот, постојаниот претставник на Камбоџа во ОН побара да се изврши притисок врз тајландската армија „веднаш да ги прекине сите напади“ и да се овласти независна комисија да ги потврди фактите на терен.
Во писмото, дејствијата на тајландската војска се опишани како „кршење на меѓународното хуманитарно право“. мс/ми/
фото: ЕПА архива