Деветнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа кај Гевгелија
- Момче на 19-годишна возраст од село Миравци, загинало утрово околу четири часот, кога со автомобил „бмв“, што го управувало, излетало надвор од коловозот на регионалниот пат меѓу селата Миравци и Давидово, општина Гевгелија, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Струмица.

Струмица, 19 април 2025 (МИА) - Момче на 19-годишна возраст од село Миравци, загина утрово околу четири часот кога со автомобил „бмв“, што го управувало, излетало од коловозот на регионалниот пат меѓу селата Миравци и Давидово, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Струмица.
Во соопштението се наведува дека момчето починало на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар на Итната медицинска помош.
Бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР - Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител, телото на момчето е дадено на обдукција. рт/бд/
Фото: МИА архива