• четврток, 26 март 2026

Дебранец агресивно се однесувал кон полициските службеници кои го сопреле неговиот малолетен син кој возел автомобил

Дебранец агресивно се однесувал кон полициските службеници кои го сопреле неговиот малолетен син кој возел автомобил

Дебар, 12 април 2025 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи  запреле  малолетник кој управувал патничко моторно возило, а родителот кого го повикале агресивно се однесувал кон нив.

Според полицијата ,синоќа  во 22:10 часот, при сообраќајна контрола извршена на улицата „Јусуф Грвала“ ( поранешна Вељко Влаховиќ) во  Дебар,  полициски службеници сопреле патничко возило „Поло“ со дебарски регистарски ознаки и притоа констатирале дека возилото го управувал малолетник од Дебар. 

-По кратко време, на местото пристигнал неговиот родител кој го нарушил јавниот ред и мир со закани и агресивно однесување кон полициските службеници, потврдуваат од полицијата.

По целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави. вт/вј/

Фото: МИА

 

Остани поврзан