• недела, 22 декември 2024

Дебата за утврдување интегритет на сите службеници кои работат на високо ризични работни места на ГП и граничната линија

Дебата за утврдување интегритет на сите службеници кои работат на високо ризични работни места на ГП и граничната линија

Скопје, 19 март 2024 (МИА) - Во Министерството за внатрешни работи денеска ќе се одржи втората сесија на јавната дебата за „Утврдување на интегритет на сите службеници кои работат на високо ризични работни места на ГП и граничната линија со примена на полиграф, како превентивна мерка за спречување на можна корупција“.

Јавната дебата ја спроведува Националниот координативен центар за гранично управување на Владата.

Учесниците на втората сесија, како што е најавено, се претставници од невладиниот сектор, здруженија на автобуски и камионски превозници, стопански комори и полициски и царински синдикати. мд/аа/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан