• недела, 15 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Дебата во Собранието за придобивките од Реформската агенда 2024 - 2027

Дебата во Собранието за придобивките од Реформската агенда 2024 - 2027

Скопје, 22 април 2025 (МИА) - Во рамки на денешната седница на собраниските Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции денеска ќе се одржи дебата за придобивките од Реформската агенда 2024 - 2027. 

Како што информираат од собраниската прес-служба, целта е да се презентираат и дискутираат со пратениците придобивките од Реформската агенда 2024 - 2027, со фокус на можностите за забрзување на процесот на интеграција во ЕУ и зајакнување на клучните институции

Поздравни обраќања ќе имаат: Африм Гаши, претседател на Собранието, Венко Филипче, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, Орхан Муртезани, министер за европски прашања, Вероник Улман, амбасадорка на Швајцарија во земјава и Бен Нупнау, заменик-амбасадор во Делегацијата на ЕУ во земјава.

На тема „Реформите како заедничка одговорност: Градење консензус за пристапување на Северна Македонија во ЕУ“ ќе зборува Владимир Дробњак, поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со ЕУ и експерт на УНОПС.фф/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан