• петок, 22 ноември 2024

Дебарското муфтиство и градоначалниците од регионот посакаа лесни и прифатени пости

Дебарското муфтиство и градоначалниците од регионот посакаа лесни и прифатени пости

Дебар, 23 март 2023 (МИА) - Дебарското муфтиство и градоначалниците од регионот посакаа лесни и прифатени пости.- Честит светиот месец Рамазан. Алах да ни ги прифати нашите молитви и сите да имаме благословен месец. Ви посакуваме лесни пости, посакаа од муфтиството.Додаваат дека во сите педесеттина џамии во општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, преземени се потребните активности со цел верниците да ги одржуваат верските обреди.-Нека во овие Рамазански денови кај секој човек се потврдат вредностите на слогата, толеранцијата и духовниот напредок и сите заедно да имаме спокоен и среќен живот. Нека Аллах Џелешануху ги исполни нашите домови со радост, нашите срца со добрина, нашиот живот со здравје и среќа, стои во честитката на Медат Куртовски,  градоначалник на општина Маврово и Ростуше.На сите верници од исламска вероисповед  честитки по повод светиот месец Рамазан, со желби  за лесен и прифатен пост упатија и градоначалниците на Дебар и Центар Жупа, Хекуран Дука и Аријан Ибраим. вт/дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан