Дебарски иселеник во Шведска обезбеди донација за дебарската деветтолетка „Пенестија“
- Дебарските иселеници продолжуваат со обезбедување донации за повеќе сектори во општината со цел да се помогне нивните сограѓани да имаат подобри услови и поквалитетни услуги.
Дебар, 2 декември 2025 (МИА) - Дебарските иселеници продолжуваат со обезбедување донации за повеќе сектори во општината со цел да се помогне нивните сограѓани да имаат подобри услови и поквалитетни услуги. Последната донација е за Општинското основно училиште „Пенестија“, иницирана од иселеникот Реми Дука, а добиена од општина во Шведска.
-Нашето училиште доби многу значајна донација од општина Молндал-Шведска, по иницијатива на нашиот сонародник Реми Дука. Донацијата вклучува училиштен прибор, клупи, столчиња, бироа, проектори, бели табли, разни реквизити и многу други училишни материјали. Целта на оваа донација е подобрување на условите за учење и зголемување на квалитетот, информираше директорот на училиштето Ајет Мулареџа.

Изрази голема благодарност за посветеноста на иселениците што живеат во Шведска, додавајќи дека оваа донација е вредна поддршка за училиштето и вложување за иднината.
Во оваа деветтолетка, која е најголема во поширокиот дебарски регион, во чии рамки функционира и подрачното училиште во село Џепиште, настава следат 900 ученици на македонски и албански наставен јазик. вт/мд/
Фото: ООУ„Пенестија“