• четврток, 26 март 2026

Дебарските пожарникари за девет месеци евидентирале 92 интервенции

Дебарските пожарникари за девет месеци евидентирале 92 интервенции

Дебар, 7 октомври 2025 (МИА) - Во периодот јануари-септември годинава, дебарските пожарникари имале 92 интервенции, што е речиси идентична бројка споредено со истиот период минатата година.

-Од вкупниот број 69 се пожари на отворен простор, 14 на објекти, 8 се технички интервенции и една на сообраќајно средство. За разлика од минатото лето кога имавме пожари на отворен простор од големи размери, и со голема материјална штета, годинава такви случаи немавме. Еден од пожарите на отворен простор, сува трева, е на пограничниот појас на албанска страна, изјави за МИА, Џетан Мифтароски, командир на Територијалната противпожарна единица.

Додава дека тоа го прават секогаш кога има потреба, од хуман аспект, во договор на локалните власти на Дебар и соседната албанска општина Пешкопеја.

Четиринаесетте дебарски пожарникари освен во општина Дебар, интервенираат и во општина Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше. вт

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан