• вторник, 05 ноември 2024

Дебарските аџии пред утрешното заминување за Мека и Медина ги реализираа сите потребни активности

Дебарските аџии пред утрешното заминување за Мека и Медина ги реализираа сите потребни активности

Дебар, 4 јуни 2024 (МИА) - Дебарските верници, кои оваа година одлучија да го реализираат петтиот столб на исламот-аџилакот, ги реализираа сите потребни подготовки пред утрешното заминување за светите места Мека и Медина.

Како што потврдија за МИА од дебарското муфтиство, покрај другото Довата (молитвата) за аџиите од Дебар се реализирала во централната џамија Хаџи Вехби Дибра (Саат Кула џамијата) додека аџиите од подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше и Центар Жупа хаџиската дова ја извршиле во џамиите во нивните села.

-Во просториите на џамиите слушнаа од нивните водичи основни знаења во врска со ибадетот на Хаџ. Остануваме со надеж дека аџиите и водичите да имаат одлична соработка и разбирање. Секогаш аџиите од нашиот крај биле пример на соработка, организација, сè додека се исполнува овој ибадет, додаваат од муфтиството.

Од дебарското муфтиството овој пат ќе заминат 100 аџии, што е најголема бројка до сега. Со нив во придружба се и четворица водичи за аџиите и еден лекар. Тргнуваат утре од Дебар, до скопскиот аеродром, од каде заедно со други верници ќе патуваат со чартер летови.

Во изминатите години бројката била многу помала. Така, минатата година на аџилак заминале 30 наспроти претходната, кога биле 12 верници.

-На верниците од исламска вероисповед кои заминуваат на аџилак им посакувам на ова патување да ги придружува целосно здравје и хаџ прифатен од Семоќниот Бог, посака дебарскиот градоначалник Хекуран Дука, преку објава на Фејсбук.

Како што претходно информираше за МИА, Ирсел Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница, годинава на аџилак ќе заминат 2020 верници од нашата земја, што е речиси идентична бројка со онаа од минатата година.

Големиот празник Курбан Бајрам, годинава се паѓа на 16 јуни а секогаш се слави четири дена. вт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан