• петок, 17 мај 2024

Двојно зголемен наградниот фонд во женскиот ФА куп

Двојно зголемен наградниот фонд во женскиот ФА куп

Лондон, 9 ноември 2023 (МИА) – Наградниот фонд во англискиот ФА куп во женска конкуренција е двојно зголемен почнувајќи од оваа сезона на вкупно шест милиони фунти, објави денеска Фудбалската федерација на Англија (ФА).

Победничката екипа ќе инкасира 430.000 фунти, во однос на премијата од вкупно 100.000 фунти колку што добија фудбалерките на Челзи, кои минатата сезона го освоија трофејот.

Во машка конкуренција, освојувачот на ФА трофејот добива два милиони фунти.

Директорот за женски фудбал во ФА, Су Кембел, рече дека зголемувањето на наградниот фонд е позитивен чекор кон долгорочната амбиција за порамнување на наградниот фонд во машка и женска конкуренција, пренесува Би-Би-Си. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан