• понеделник, 23 декември 2024

Движење БЕСА: Нема одговорност за трагедијата „БЕСА ТРАНС“

Движење БЕСА: Нема одговорност за трагедијата „БЕСА ТРАНС“

23 ноември 2023 

Поминаа две години откако 45 Албанци, од кои 12 деца, живи изгореа во автобусот на „БЕСА ТРАНС“, на автопатот „Струма“ во Бугарија, а одговорност се уште нема. Додека семејствата на загинатите сакаат да ја дознаат вистината, истражните органи и судството продолжуваат да молчат, се занимаваат со тендери и семејно богатење, додека вината за катастрофата останува само кај возачот, кој исто така загина во трагедијата.

И по две години, членовите на семејствата ја бараат правдата преку бугарските правосудни органи, додека судовите во Северна Македонија, кои ги раководи Владата, се обидуваат да ги тргнат од одговорност сопствениците на автобуската компанија за кои беа изнесени многу сомнежи, дека автобусите сообраќале со фалсификувани документи.

Иако овие институции се глуви и слепи кога е во прашање искажувањето на правдата на прв план, повторно апелираме до нив што поскоро да ја откријат вистината за трагедијата во Бугарија, што ќе го олесни духовниот товар на семејствата кои загубија свои членови во несреќата.

Движење БЕСА

_______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан