Две претставнички на МТКФ на Европскиот куп во Холандија
- Македонските каратисти во традиционално карате утре ќе настапат на европски куп во Беек, Холандија.

Беек, 7 октомври 2023 (МИА) - Македонските каратисти во традиционално карате утре ќе настапат на европски куп во Беек, Холандија.
- Натпреварите ќе се одржат во кати и кумите, а за Македонија ќе настапат Камелија Недев и Софија Јарчевска, соопштија од Македонската традиционална карате федерација.
На натпреварот се очекува да учествуваат над 300 каратисти од повеќе европски земји. зс/