Две лица се повредени во кинеската провинција Јунан по земјотресот во Мјанмар
- Две лица се повредени во кинеската провинција Јунан по земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди Мјанмар, соопшти провинциската агенција за земјотреси.

Кунминг, 28 март 2025 (МИА) - Две лица се повредени во кинеската провинција Јунан по земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди Мјанмар, соопшти провинциската агенција за земјотреси.
Многу жители на главниот град на провинцијата Кунминг, кој се наоѓа на околу 776 километри од границата со Мјанмар, излегоа од своите домови или останаа на отворено за да избегнат опасност кога почувствуваа дека земјата се тресе, јавија кинеските медиуми.
Силни земјотреси се почувствувани во неколку области на провинцијата Јунан, соопштија локални извори.
„Во Тенгчонг и Руили стаклата на прозорците се тресеа, а саксии со цвеќиња паѓаа од балконите“, изјавија очевидци.
За спасувачките операции се ангажирани 646 спасувачи и 14 кучиња од провинциската противпожарна и спасувачка служба. рп/
Фото: ЕПА