• четврток, 19 декември 2024

Две лица осомничени за грабнување, ОЈО Скопје предлага мерка притвор

Две лица осомничени за грабнување, ОЈО Скопје предлага мерка притвор

Скопје, 13 март 2023 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија на кривично дело „грабнување“.

-Тие на 3 март заедно учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. Осомничените, на возраст од 30 и 25 години, претходно по предлог на Обвинителството, а со решение на Судот беа задржани во краткотраен притвор во траење од два пати по 48 часа со цел обезбедување докази, информираат од Јавното обвинителство.

Од ЈО посочуваат дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените ќе се обидат да ги скријат или уништат трагите на кривичното дело, ќе влијаат врз сведоците или ќе го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје сега доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​ дма/ац/

Остани поврзан