• недела, 19 мај 2024

Две лица загинаа во лавина во Тирол, 18 лица се затрупани

Две лица загинаа во лавина во Тирол, 18 лица се затрупани

Париз, 11 април 2024 (МИА) - Две лица загинаа во лавина во Тирол, Австрија, четворица се спасени, а според првичните информации 18 се затрупани. Во тек е голема спасувачка операција.

Лавината започнала околу 11 часот во општината Вент им Нидертал во правец на Мартин Буш Хуте, јавуваат локалните медиуми.

Во тек е голема спасувачка операција. Преживеани се бараат со кучиња трагачи и хеликоптери.

Службите за итна помош во моментов не можат да дојдат на местото на несреќата од безбедносни причини.

Исто така, итните служби се фокусирале на евакуација на планинари на пат кон колибата Мартин Буш, пишува „Кронен цајтунг“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан