• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Две лица загинаа во експлозија на мостот што ги поврзува САД и Канада

Две лица загинаа во експлозија на мостот што ги поврзува САД и Канада

Њујорк, 22 ноември 2023 (МИА) -  Две лица загинаа денеска во експлозија на автомобил на мостот што ги поврзува САД и Канада, во близина на Нијагарините водопади, јавија американските медиуми.

Станува збор за луѓе кои биле во возилото, а медиумите јавуваат дека се работи за двајца мажи.
Автомобилот доаѓал од канадската страна на границата и експлодирал по првиот контролен пункт на мостот „Реинбоу“, јави Си-Ен-Ен. зш/

Остани поврзан