• понеделник, 23 декември 2024

Две жртви во руски напади врз Херсон

Две жртви во руски напади врз Херсон

Киев, 24 септември 2023 (МИА) – Две лица загинаа, а уште најмалку девет се повредени во денешните руски напади во областа Херсон, соопштија украинските власти.

- Непријателот фрли две воздушни бомби врз градот Херсон. Едната погоди индустриска област, а другата погоди цивилна инфраструктура, информира Олександр Прокудин, шеф на регионалната воена администрација и додаде дека меѓу ранетите има и 49-годишна жена која работи како обезбедување.

Во нападот на градот Херсон повредени се шест лица. Уште тројца се ранети во други делови од регионот.

Канцеларијата на главниот обвинител на Украина соопшти дека во нападите кај градот Берислав загинале две лица, а три се повредени. јт/

Фото: Олександр Прокудин на Фејсбук

Остани поврзан