• четврток, 18 април 2024

Две деца загинаа во свлечиште во Калифорнија

Две деца загинаа во свлечиште во Калифорнија

Сакраменто, 23 февруари 2024 (МИА) – Две деца загинаа при лизгање на падина во северна Калифорнија, откако американската сојузна држава беше погодена од зимско невреме.

Канцеларијата на шерифот на округот Шаста соопшти дека двете жртви паднале по падината низводно од браната Шаста во четвртокот наутро.

Повеќе спасувачки екипи, вклучително и нуркачкиот тим на шерифот, излегоа на местото на настанот околу 9 часот наутро, се вели во соопштението. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан