Две бараки зафатени со пожар во Драчево, нема повредени
- -Нема повредени во пожарат, а причинета е материјална штета. Интервенирано е со 25 пожарникари и девет противпожарни возила.Се работи на расчитување на теренот, изјави за МИА Звонко Томевски, командир на БППЗ на Град Скопје.

Скопје, 30 јануари 2024 (МИА) - Две бараки на ул. „Бранко Заревски“ во Драчево вечерва биле зафатени со пожар, кој по интервенција на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје е локализиран.
- Нема повредени во пожарат, а причинета е материјална штета. Се работи на расчитување на теренот, изјави за МИА Звонко Томевски, командир на БППЗ на Град Скопје.
Интервенирано е со 25 пожарникари и девет противпожарни возила.
Според информациите на Центарот за управување со кризи, пожарот избувнал на кровна конструкција од барака на ул. „Бранко Заревски“ во Драчево.лв/цр
фото: МИА архива