• петок, 05 декември 2025

Два пожара на отворено денеска, еден под контрола, другиот изгаснат

Два пожара на отворено денеска, еден под контрола, другиот изгаснат

Скопје, 4 септември 2025 (МИА) - Вкупно два пожара на отворено низ државава се регистрирани денеска до 12:30 часот, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи.

Едниот, приземен пожар на Кожуф планина, општина Гевгелија, е ставен под контрола.

Пожарот во кавадаречкото село Ваташа, каде горела ниска вегетација, бил изгаснат. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан