Два МЛС клуба покажуваат интерес за Пасторе
- Играчот од средниот ред на Рома, Хавиер Пасторе е во сферата на интересот на два клуба во американската МЛС, јавуваат италијанските медиуми.

Рим, 6 јуни 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Рома, Хавиер Пасторе е во сферата на интересот на два клуба во американската МЛС, јавуваат италијанските медиуми.
Според„ Sky Sport Italia“, за фудбалерот се заинтересирани Лос Анџелес галакси и Сиетл саундерс.
Рома е подготвена да се раздели со фудбалерот заради високата плата и неговите настапи кои не ги оправдаа очекувањата на клубот. Веројатно е дека Аргентинецот својата кариера ќе ја продолжи во Северна Америка.
Триесетгодишниот фудбалер оваа сезона има одиграно 13 натпревари за Рома на сите турнири и направи две асистенции. зс/