Двајца сопружници починаа во пожар во Крива Паланка
- -Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи Ве известува дека во 08:57 часот добиена е пријава за запалена куќа на ул.Херој Карпош во Крива Паланка. Во гаснењето на пожарот интервенирале девет пожарникари со две противпожарни возила. Пожарот е изгаснат во 10:00 часот. Во пожарот имало и две жртви сопружници на постара возраст (над 80 години), информираат од ЦУК.

Скопје, 12 јануари (МИА) - Двајца сопружници на постара возраст починале утрово во пожар во запалена куќа на ул. „Херој Карпош“ во Крива Паланка, информираат од Центарот за управување со кризи.
-Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи Ве известува дека во 08:57 часот добиена е пријава за запалена куќа на ул.„Херој Карпош“ во Крива Паланка. Во гаснењето на пожарот интервенирале девет пожарникари со две противпожарни возила. Пожарот е изгаснат во 10:00 часот. Во пожарот имало и две жртви сопружници на постара возраст (над 80 години), информираат од ЦУК. ев/цр
ФОТО: МИА Архива