• недела, 23 март 2025

Двајца скијачи го загубија животот во лавина во Шведска

Двајца скијачи го загубија животот во лавина во Шведска

Стокхолм, 21 март 2025 (МИА) - Две лица го загубија животот во северна Шведска кога ги затрупа лавина, јавија денеска медиумите.

Скијачите се од Италија, на возраст од 45 и 50 години, пренесува италијанската новинска агенција АНСА, повикувајќи се на локални туристички агенции.

Како што се наведува, скијачите биле дел од петчлена група луѓе кои тргнале со хеликоптер на скијање низ планина во близина на шведската граница со Норвешка. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан