• недела, 22 декември 2024

Двајца руски војници осудени на 11,5 години затвор во Украина

Двајца руски војници осудени на 11,5 години затвор во Украина
Киев, 31 мај 2022 (МИА) - Украински суд осуди двајца руски војници на 11,5 години затвор поради гранатирање град во источниот дел на Украина. Тоа е втора пресуда за воени злосторства од почетокот на руската инвазија во февруари. Александар Бобикин и Александар Иванов минатата недела се изјаснија за виновни. - Вината на Бобикин и Иванов целосно е докажана, изјави судијата Евген Болибок. Според обвинителите, гранатирањето уништило образовна установа во градот Дергачи, но, немало човечки жртви. Двајцата војници, опишани како возач и стрелец, се заробени откако ја преминале границата и продолжиле со гранатирање. Обвинителите бараа затворска казна од 12 години, а одбраната наведе оти двајцата извршеле наредби и се покајале. Со првата пресуда за воено злосторство во Украина, 21-годишен руски војник доби казна доживотен затвор поради убивање невооружен цивил. бд/ми/

Остани поврзан