• петок, 22 ноември 2024

Двајца прилепчани приведени за кражба од викендица и фалсификувани банкноти

Двајца прилепчани приведени за кражба од викендица и фалсификувани банкноти

Скопје, 25 јуни 2024 (МИА) - Двајца прилепчани биле приведени, откако кај нив, надлежните пронашле одземени предмети од викендица и фалсификувани бакноти, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Во 17.50 часот вчера во Градско, близу локалитетот Стоби, полициски службеници од СВР - Велес ги лишиле од слобода Н.А., на возраст од 32 години и Е.С., 40-годишно лице. Тие одзеле предмети од викендица во близина на локалитетот Стоби, сопственост на С.С., на возраст од 61 година од Скопје. Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а при извршениот преглед, кај Е.С. биле пронајдени и одземени и фалсификувани банкноти, појаснуваат од МВР.

Н.А. и Е.С. биле задржани во полициска станица. Јавен обвинител бил известен и по документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан