• петок, 05 декември 2025

Двајца Албанци вршеле криволов на риба во македонските територијални води на Охридското Езеро

Двајца Албанци вршеле криволов на риба во македонските територијални води на Охридското Езеро

Охрид, 5 јули 2025 (МИА) – Двајца државјани на Република Албанија се приведени поради криволов на риба на Охридското Езеро, како и незаконит премин на државната граница.

Според информациите од СВР – Охрид, лицата Ј.Х.(22) и Б.И.(30) од соседна Албанија вчера рано изутрината во 1:25 часот биле затекнати 6,5 километри во македонските територијални води на Охридското Езеро,  при вршење кривично дело незаконит риболов.

Притоа двете лица се обиделе да избегаат, но биле пресретнати од страна на припадници на Полициската станица за граничен надзор – „Охридско Езеро“. Притоа запленети биле пловниот објект, рибарски мрежи во должина од 400 метри, три парчиња риба - Охридска пастрмка како и повеќе парчиња риболовен алат и прибор.

По известување на јавен обвинител и по преземени мерки, одземени им се пловниот објект, Против нив, ќе бидат поднесени соодветни пријави. аб/са.

фото/МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан