• петок, 22 ноември 2024

Да Силва: ЕУ треба да се откаже од протекционизмот ако сака трговски договор со Меркосур

Да Силва: ЕУ треба да се откаже од протекционизмот ако сака трговски договор со Меркосур

Рим, 22 јуни 2023 (МИА) – Европска Унија треба да се откаже од протекционизмот доколку сака трговски договор со јужноамериканскиот блок Меркосур, најави денеска претседателот на Бразил, Лула да Силва на прес-конференција во Рим.

- Дополнителното писмо што ЕУ го испрати до Меркосур е неприфатливо, бидејќи тие ја казнуваат секоја земја што не е во согласност со Парискиот договор за климатски промени, а не го почитуваат ниту тој договор, посочи Да Силва.

Тој додаде дека ЕУ мора да биде „поскромна“ и да покаже „поголема чувствителност“.

ЕУ и блокот Меркосур - Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај, ги завршија преговорите во 2019 година, но договорот беше во мирување поради загриженоста за уништувањето на шумите во Амазон и посветеноста на Бразил на акција за климатските промени.

Да Силва следно ќе отпатува за Франција и се очекува да се сретне со претседателот Емануел Макрон. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан