• петок, 22 ноември 2024

„Да живее слободна Палестина“, скандираа навивачите на Басконија на дуелот со Макаби

„Да живее слободна Палестина“, скандираа навивачите на Басконија на дуелот со Макаби

 

Мадрид, 2 февруари 2024 (МИА) – Навивачите на баскискиот кошаркарски клуб Басконија скандираа „да живее слободна Палестина“ и развиорија десетици палестински знамиња на натпреварот на домашен терен во Евролигата против израелски Макаби одигран изминатата вечер.

Домашните навивачи за време на натпреварот извикуваа и „геноциден Израел“, противејќи се на израелските нападите во Појасот Газа во кои од ноември лани се убиени над 26.000 палестински цивили, во најголем број деца и жени, а повеќе од 65.000 се ранети.

Навивачката група „Индар Басконија“ соопшти дека во Европа постои обид јавно да се „испере геноцидот кој го спроведува Израел врз Палестинците.

На телевизискиот пренос можеше да се забележи и транспарент истакнат на трибината зад еден од кошевите на кој на англиски јазик пишуваше „Free Palestine“ (Слободна Палестина).

Навивачите на неколку баскиски фудбалски клубови, меѓу кои и на Реал Сосиедад и Еибар, изминатите месеци на своите домашни натпревари, исто така, истакнуваа знамиња на Палестина, солидаризирајќи се со страдањата на палестинскиот народ и неговите стремежи за независност.

Во Басконија, автономна покраина со 2.2 милиони жители на северот на Шпанија, голем број од населението заговара отцепување од Мадрид, повикувајќи се на својот сопствен идентитет и јазик. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан