• среда, 22 мај 2024

Дафина Стојаноска од гостиварци побара поддршка за Силјановска-Давкова

Дафина Стојаноска од гостиварци побара поддршка за Силјановска-Давкова

Гостивар, 16 април 2024 (МИА) – Актуелната пратеничка и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на средби со жителите на општина Гостивар побара да гласаат за кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска-Давкова.

Стојановска, придружувана од сопартијци и преставници на коалицииони партенри даде изјава во близина на градскиот пазар и напомена дека владее незадоволство од, како што рече, оваа поткупливи и за граѓаните незаинтересирана власт.

- Затоа на 24 април ќе го заокружат бројот 2, бидејќи професорката Гордана Силјановска Давкова го промовира концептот претседател за сите луѓе. Таа ќе биде на страната на народот, а не страната на елитите кои нè доведоа до ова. Македонија повторно ќе биде горда и повторно на сите нејзини граѓани, изјави пратеничката Дафина Стојаноска и член на потесното партиско раководство на ВМРО ДПМНЕ.

Таа оцени дека на градскиот пазар во Гостивар владее незадоволство и кај купувачите и продавачите.

- Едните затоа што производите ги продаваат по незадоволителни цени, другите затоа што производите ги купуваат по прескапи цени. И едните и другите се незадоволни од оваа власт, потенцира Стојаноска.згм/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан