Данскиот вицепремиер Елеман-Јенсен се повлече од политиката
- Данскиот вицепремиер Јакоб Елеман-Јенсен неочекувано објави дека се повлекува од политиката, јави ДПА.

Копенхаген, 23 октомври 2023 (МИА) - Данскиот вицепремиер Јакоб Елеман-Јенсен неочекувано објави дека се повлекува од политиката, јави ДПА.
На прес-конференција во Копенхаген, 50-годишниот политичар денеска објави дека се повлекува и како лидер на Либералната партија на Данска и како вицепремиер и министер за економија.
Тој објасни дека неговото присуство фрла сенка врз работата на неговата партија во владата и го попречува нејзиниот напредок.
„Денеска целосно и трајно ја напуштам данската политика“, рече Елеман-Јенсен.
Тој додаде дека организациска одговорност во партијата до партискиот конгрес во ноември, кога ќе се избере нов претседател, ќе ја преземе Стефани Лосе.
Елеман-Јенсен оваа функција ја извршуваше околу четири години. паг/
Фото: Википедија