• петок, 05 декември 2025

Данска вели дека нејзините аеродроми се цел на кибер напад

Данска вели дека нејзините аеродроми се цел на кибер напад

Копенхаген, 25 септември 2025 (МИА) - Дроновите неодамна забележани над неколку дански аеродроми беа дел на кибер напад за кој данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен изјави денеска дека веројатно бил оркестриран од професионален актер.

Поулсен ги даде своите коментари на прес-конференција во Копенхаген.

Воздушниот простор на аеродромот Алборг во северна Данска беше привремено затворен доцна синоќа откако беа забележани дронови, соопшти полицијата, само два дена по сличен инцидент во близина на аеродромот во Копенхаген.

Полицијата на Северен Јитланд соопшти на „X“ дека полицајците се на лице место и истражуваат.

Веб-страницата за следење летови Флајтрадар24 објави дека три дојдовни летови се пренасочени кон други аеродроми, додека еден дојдовен лет и два појдовни летови се откажани. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан